Владата организираше аукција на благајнички записи

Bez autora
Nov 23 2010

Вонредно владино задолжување. 21 милион евра во буџетот, собра денеска Министерството за финансии на две аукции што не беа планирани во официјалниот календар. Владата продаваше тримесечни и шестмесечни записи. Ова е прв пат годинава Министерството да нуди записи што достасуваат за три месеци, токму тие според познавачите се поатрактивни за инвеститорите, даваат кеш што за кратко време им се враќа со камата. Последната ваква продажба беше лани во декември, државата сега ги враќа, тврдат познавачите, за да се осигура поголема побарувачка. Вонредни аукции во време кога власта најавуваше дека ќе се откаже од вакво финансирање на буџетските потреби за експертите е сигнал дека буџетот е во лоша кондиција. Достасале дневни обврски за кои државата нема пари. Од Министерството за финансии во штуро писмено соопштение велат дека денешната аукција на државни записи е планирана со буџетот за 2010. година, но нема објаснување зошто не е впишана во календарот.

Владата организираше аукција на благајнички записиВонредно владино задолжување. 21 милион евра во буџетот, собра денеска Министерството за финансии на две аукции што не беа планирани во официјалниот календар.

Владата продаваше тримесечни и шестмесечни записи.

Ова е прв пат годинава Министерството да нуди записи што достасуваат за три месеци, токму тие според познавачите се поатрактивни за инвеститорите, даваат кеш што за кратко време им се враќа со камата.

Последната ваква продажба беше лани во декември, државата сега ги враќа, тврдат познавачите, за да се осигура поголема побарувачка.

Вонредни аукции во време кога власта најавуваше дека ќе се откаже од вакво финансирање на буџетските потреби за експертите е сигнал дека буџетот е во лоша кондиција. Достасале дневни обврски за кои државата нема пари.

Од Министерството за финансии во штуро писмено соопштение велат дека денешната аукција на државни записи е планирана со буџетот за 2010. година, но нема објаснување зошто не е впишана во календарот.

Експертите, но и бизнис секторот постојано предупредуваат дека со овие аукции и Владата и НБМ испумпуваат свежи пари од приватниот сектор, банките и фондовите, во време на слаба ликвидност во стопанството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik